Опис на компанијата

FORNO е македонска компанија со седиште и современ производствен погон во Визбегово, Скопје, специјализирана за производство на замрзнати пица подлоги, готови пици и други производи од тесто. Од 2012 година успешно го гради својот бренд, комбинирајќи традиционални рецептури, врвни суровини и современа технологија. Компанијата работи согласно HACCP и ISO 22000:2018 стандардите, со фокус на висок квалитет, безбедност на храната и континуирани иновации. Производите на FORNO се наменети за малопродажба, HORECA секторот и извозните пазари, обезбедувајќи практични и квалитетни решенија за професионални и домашни корисници.

Визија на компанијата

Да бидеме препознатлив лидер во производството на замрзнати теста и производи од тесто во регионот и пошироко, создавајќи иновативни, безбедни и висококвалитетни производи кои ги задоволуваат потребите на современите потрошувачи и професионалните партнери. Преку континуирано унапредување на технологијата, квалитетот и одржливите практики, се стремиме да го прошириме нашето присуство на домашниот и меѓународниот пазар и да бидеме прв избор за сигурен и доверлив партнер.